|
Јовица Ивановски
По Новата година Печалбарска Будала Повторно сам Да не читаш весници
Почнете без мене Кревет
_________________________________________________________
Почнете без мене Слободно почнете без мене јас ќе бидам тука некаде иако нема да бидам присутен имам бескрајна доверба во вас правете се дека сум насекаде и едноставно започнете поделете ги поканите оптегнете ги плакатите викнете ги новинарите од сите станици и редакции и обезбедете им го ветеното пиење до покакување причекајте да се стемни и вклучете ги рефлекторите пуштете тивка музика и дувнете (во микрофонот) проверете го актерот дали ја прочитал лектирата и пофалете го задолжително обезбедете гратис книги и потпишувајте си ги меѓусебно повикајте и неколку живи поети можеби и доктор поп и полицаец во 7 и 30 кренете ја завесата и ширум отворете ја вратата проверете го воведувачот на зборот дали знае да чита - дајте му шише и непрестано повторувајте му го зборот (да не го заборави) не започнувајте точно навреме причекајте да се наполни салата и затворете ја вратата фрлете им солзавец и започнете со претставата
|